И фризурата може да предизвика главоболка!
Главоболката обично ја предизвикуваат стресот, напнатоста и нервозата. Но понекогаш виновници за главоболката се и други болки кои се неочекувани.
Главоболка може да предизвика цврсто собрана коса во коњско опавче особено ако не сте навикнале да ја врзувате косата. Наместо овој начин практикувајте да носите ленти или марами околу глава.
Болки во вратот може да ви предизвика возењето на автомобилот во колку седите во неправилна или поднаведната положба. Затоа штом седнете позади воланот, наместете го седиштето во кое ќе се чувствувате удобно и ќе седите исправено.
И додека одмарате, лежејќи во кревет но, со глава свртена кон телевизорот а особено ако во таа положба заспиете,ќе почувствувате болки во вратот. Најдобро е телевизија да гледате седејќи исправено и внимавајте екранот да ви е право во линијата на вашиот поглед.
Болките во вратот можат да бидат предизвикани и при спиење на стомак додека спиењето на страна или пак со рака под глава е потенцијална опасност за предизвикување на болки во рамената.
За да се будите без болки најдобро е да заспиете на грб или на страна и притоа и притоа да не ги дигнете рацете над рамена.
