Спанаќот го забрзува создавањето на камења во бубрегот!
Објавено на 23 април, 2013 во 08:23
Многу нутриционисти препорачуваат да се избегнуваат производи кои содржат оксилати бидејќи го стимулираат создавањето на камења во бубрегот.
Станува збор за органски киселини способни човечките ќелии да ги претворат во оксилати или материи кои имаат способност да формираат цврста врска со разни минерали како што се натриум, калиум ,магнезиум и калциум.
Истражувањата покажале дека дури осумдесет проценти од камења во бубрегот кај возрасните лица настанале од калциумовите оксилати.
Најбогат извор на овие штетни материи се капините, боровинките, малините, јагодите, грозјето, индискиот орев, смоквите, спанаќот, магдоносот, празот, бадемот, какаото како и црниот и зелениот чај.
Најмногу оксилати има во лисјата, додека помалку во коренот и стеблото.
