Премногу вода им штети на бубрезите!
Лекарите советуваат консумирањето многу вода е добро за здравјето. Водата ги измива отровите од телото и затоа е наша животна сила. Меѓутоа премногу вода во бубрезите е штетно. Пиењето премногу вода не е здраво и може да доведе до фатални проблеми со бубрезите. Како што велат премногу добри работи исто така се лоши!
Како функционираат бубрезите?
Нашите бубрези се филтер на телото. Тие ги филтрираат отпадните производи од крвта и ги претвораат во урина. Кога пиете премногу вода рамнотежата на течности во телото е уништена. Во такви ситуации има премногу вода а недоволно натриум. Водата почнува да истекува во клетките. Тие можат да се прошират до одредени граници но после тоа да се распрснат. Затоа премногу вода доведува до прскање на бубрежните клетки.
Контра ефекти од премногу консумирање вода :
Оток на мозокот.
Вишокот вода оди во вашиот мозок и прави тој да отече. Тоа е многу опасна ситуација.
Напади.
Кога вашиот мозок има премногу вода, можете да доживеете напад и несвестица.
Крварење на мозокот.
Ако вашите мозочни клетки почнат да пукаат заради вишокот на вода може да се случи внатрешно крварење.
Кома.
Ако внатрешното крварење не се утврди веднаш може да доведе до состојба на кома па дури и до смрт.
Кој е во опасноста?
Многу е тешко една „нормална“ личност да испие премногу вода во денот. Спортистите на пример имаат многу поголем ризик бидејќи тие пијат многу вода. Исто така луѓето кои учествуваат во натпревари за пиење на пијалак или некои слични несекојдневни натпревари можат да имаат проблем поради тоа.
