Тиквички за диета!
Објавено: 26 април, 2013, во 12:32 часот
Големата количина на вода и диетални влакна како и малата калорична вредност ги сврстуваат тиквичките меѓу производите кои се идеални за слабеење.
Со оглед на тоа дека во кората содржат најмногу влакна се препорачува од нив да се подготвуваат јадења а тие да се користат неизлупени и да не им се додава масло.
Особено погодни се за диета во случај на покачен холестерол и триглицериди.
Освен тоа поради богатото присуство на калиум и магнезиум го намалуваат крвниот притисок. Дијабетичарите би требало што почесто да ги имаат на менито бидејќи немаат јаглени хидрати и ја намалуваат ресорпцијата на гликозата.
