Црниот чај го спречува дијабетесот тип два и дебелеењето!

Објавено на 30 април, 2013 во 07:20

Луѓето кои пијат црн чај најмалку страдаат од дијабетес, болест од која заболуваат се повеќе луѓе во светот. Анализата на податоците од 50 земји открила дека луѓето кои пијат црн чај имаат најмалку проблеми со дијабетес тип 2.

Студијата открила дека тие земји, во кои чајот често се користи, имаат најмалку дебели луѓе. Научниците сметаат дека процесот на ферментација кој го претвора зелениот чај во црн предизвикува  создавање на комплекси флавоноиди кои се добри за здравјето.

Во Ирска се пие најмногу црн чај, два килограми годишно по жител а Британија и Турција се на второто и третото место на листата. Сите три земји имаат помал број на дијабетичари од земјите кои се подолу на листата како Бразил, Мароко и Мексико.

Истражувањето е спроведено поради тоа што бројот на оние кои страдаат од дијабетес тип 2 се зголемил шест пати во последните неколку децении. Се проценува дека тој број до 2030 година ќе скокне од 285 на 438 милиони според податоци од 2010 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.