Како да се бојадисаат јајцата на природен начин!
Ни доаѓа Велигден! Веќе ја направивте традиционалната велигденска генералка во домот, одлучивте кој велигденски колачи ќе ги печете и што ќе зготвите за велигденскиот ручек? Ако случајно се двоумите како да ги бојадисате велигденските јајца и сакате да направите прекрасни шарени креации и тоа без многу труд еве предлог!
Пред да почнете со постапката јајцата убаво измијте ги со вода во која сте ставиле малку оцет и сок од лимон. Потоа земете разен зеленчук, овошје или пак некои тревки кои ќе ги ставете при варењето тие ќе добијат природна боја. Еве на овој начин кои бои можете да ги добиете:
Светло кафеава боја: за ова ви се потребни лушпи од кромид. Најпрво сварете ги лушпите а потоа во нив ставете ги јајцата да стојат неколку часови или пак ако сакате да бидат потемни оставете ги така да стојат цела ноќ.
За портокалова боја: потребен ви е рендан морков
Светло-жолта: со цвет од камилица
Зелена боја: треба да сварите коприва и спанаќ
Виолетова и темно-црвена: користете цвекло
Светло-црвена: ќе постигнете со ротквички.
