Во портокалово оваа пролет!
Оваа модна сезона обележете ја портокалово. Комбинирајте со кафено и беж, сино или виолетово.
Само нека е впечатливо
Портокалов костим или фустан? Изберете што вам подобро ви прилега, асоцијација на машко одело или женствен фустан.
Боите го подобруваат расположението
Кобалтносината одлично се комбинира со портокаловата, особено ако комбинацијата ја смирите со здолниште или панталони во неутрална беж боја.
Дотерани на работа
Со добро сако и панталони ќе се облечете за на работа лесно и брзо, а ќе изгледате одлично. Таквата комбинација слободно освежете ја со впечатлива маица или блуза.
За млади и смели
Портокалови панталони добро им прилегаат на младите девојки. Ако сте витки, бирајте кратки модели, а ако сте со некој килограм повеќе, носете панталони со рамни ногавици.
Деталите вредат злато
Сакате смирени колоритни комбинации? Набавете неколку детали во оваа боја, нека биде тоа чанта или чевли.
