Природен лек за чир на желудник!

Објавено на 3 мај, 2013 во 10:02

Чирот на желудник најчесто го предизвикува бактерија. Најчести симптоми за оваа болест се рамномерна и тапа болка, која повремено престанува и пак се појавува.

Кај чирот на желудник значајно е да се ослободите од производите со кои се храните и кој вашиот организам не ги поднесува и кои знаете дека би предизвикуваат проблеми. Исто така последниот оброк, пред спиење треба да го изедете најмалку 3 часа претходно за да спречите создавање на желудечна киселина во текот на ноќта.

Копривата има многу лековити својства а докажано е и дека помага кај чирот на желудник.

Начин на подготовка:

Една лажица корен од коприва ставете да зоврие во еден литар вода. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата на ринглата и оставете да врие уште 20-тина минути. Оставете да се излади и секое утро пред појадок пијте 200 мл од подготвениот чај.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.