Јога за мажи?!
Се смета дека кај мажите постои внатрешен отпор за практикување јога. Затоа и често не решаваат да почнат, затоа што или сметаат дека јогата е исклучиво женска активност или позите им делуваат невозможно, нешто што е за нив физички недостижно. Во прашање се стеротипи.
За секого, без селективен пристап, практикувањето на јога може да стане метод за сестрано развивање на личноста и духот, начин да се воспостави контрола над умот и телото. Нешто што може да им помогне на мажите полесно да ја прифатат јогата е, можеби, да почнат со машки учител. Почнете уверено и бидете упорни, резултатите постепено ќе стануваат видливи.
Ако сметате дека јогата не е активност доволна за вас и дека нема да ви помогне за сите групи мускули, сериозните практиканти ќе ви кажат дека не сте во право. Со континуирано вежбање ќе почувствувате колку физички напор е потребен за задржување на формата на една или друга поза.
Јогата е исклучително добар метод за развивање на издржлвоста и здравјето на духот, мирот, концентрацијата и хармонијата. Најважно е, сепак, овие квалитети на живеењето да се пренесат во секојдневието.
