Како да се ослободите од непријатниот мирис на лук?
Понекогаш не можете да одолеете, а да не јадете лук, но потоа мирисот го чувствувате и наредниот ден. Еве неколку совети како да се решите од него.
Веднаш по изеденото чешне, салата или храна приготвена со лук џвакајте магданос, бидејки содржи хлорофил кој ќе ви помогне да се ослободите од непријатниот здив.
Исто така може да ви помогне анасонот, ментолот и каранфилчето. Можете да пиете лимонада или да изедете парче лимон. Кога сте дома тоа лесно можете да го сторите. Кога сте во ресторан нарачајте сок со парче лимон.
Во вакви ситуации помага и чајот од пеперминт или зелен чај. И топлата вода може лесно да ви помогнат да се ослободите од лошиот здив. Чајот делува само кратко време, но кога сте во ресторан каде што нема други начини многу добро може да ви помогне.
