Со кого си – таков си: Депресијата е заразна!
Депресијата се пренесува од човек на човек, а најчесто може да ја добиете од пријателите и партнерот кои постојано се жалат и со песимизам гледаат на иднината.
Експерти од Универзитетот во Индијана го истражувале шест месеци односот на студенти доброволци кои биле опкружени со лица со симптоми на депресија и заклучиле дека песимизмот е заразен и таквото опкружување негативно делува на психата на оние кои се среќни и задоволни во животот.
Научниците оваа појава ја нарекуваат когнитивна ранливост и ја опишуват како значаен предизвик на депресијата и нешто со кое луѓето треба да се борат бидејќи е психички проблем.
-„ Лицето кое негативно реагира на стресните ситуации во животот, својот песимизам и чувство на незадоволство го пренесува на луѓето со кои поминува повеќе време, најчесто партнерот или пак пријателите“- изјави лидерот на студиите,д-р Џералд Хефел.
Хефел и неговиот тим, ги споиле студентите доброволци со цимерите кои не биле склони на депресија и заклучиле дека дошло до намалување на негативните мисли кај доброволците ,односно дека за позитивна средина е важен и позитивниот став во животот.
