Здравствени ризици од користење на мобилниот телефон!

Објавено на 16 мај, 2013 во 13:20

Сите сме слушнале за опасноста по здравјето од користење на мобилните телефони. Но, иако знаеме дека користењето е штетно по здравјето,ние и понатаму го користиме.

Зрачењето од мобилниот телефон,може да предизвика опасни здраствени проблеми како рак.Иако многу медицински научници тврдат дека тоа не е точно,постојат многу истражувања кои покажуваат друго.

1.Главоболка.

Мобилните телефони се идентификувани како причина за добивање на мигрена. Зрачењето на мобилниот телефон предизвикува зуење во ушите кое предизвикува главоболка.

2. Замор.

Зрачењето  од мобилниот телефон предизвикува оштетување на мозочните клетки.Тоа прави да се чувствувате заморно.

3. Пореметено спиење.

Претераното користење на мобилниот телефон може да предизвика и вознемиреност  поради што нема да  можете да спиете.

4. Губење на помнењето.

Радио фрекфенциите од мобилниот телефон го нарушуваат капацитетот и му пречат на мозокот да а ги зачува  податоците. Затоа користењето на мобилниот телефон може да доведе до губење на помнењето.

5. Неплодност.

Поголем број од мажите своите телефони ги носат во џебовите од панталоните. Зрачењето на топлина од мобилниот телефон ги убива сперматозоидите.

6. Проблеми со слухот.

Користењето на мобилниот телефон и прегласната музика прават притисок на ушните тапанчиња.Тоа на крајот може да предизвика воспаление на ушите и намален слух.

7. Рак.

Зрчењето никогаш не е добро за телото, бидејки може да предизвика тумор. Нема доволно докази кои би ја докажале поврзаноста на мобилниот телефон со ракот, меѓутоа сеуште се прави целосно испитување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.