Не знаеме доволно за ракот на дојката кај младите!
Недостатокот на клинички испитувања на ракот на дојката кај младите пациентки може да биде причина за зголемена смртност,тврдат стручњаците.
Во Велика Британија спроведено е истражување наоколу 3000 жени помлади од 40 години кои заболеле од рак на дојката. Ракот на дојката најчесто се дијагностицира по менопаузата а жените помлади од 40 години го сочинуваат дури 5 отсто од пациентки кои се лекувале во Велика Британија.
Оваа болест најчесто се лечи со хемотерапија а текот тамоксифен за период под 5 години треба да ги блокира рецепторите на естроген.
Научниците предложиле земање на тамоксифен за време на подолг временски период. Меѓутоа главен проблем е во тоа што требало да се вклучат повеќе млади пациентки во експериментот. Ракот на дојка кај младите жени може да бара поинаков пристап на лекување отколку кај постарите пациентки.
Преживувањето на ракот на дојка драматично е подобрено во последните неколку децении а жените денес имаат два пати поголеми шанси за ја преживеат оваа болест во однос на оние на кои болеста им е дијагностицирана седумдесеттите години.
Проблем е што не може истото да се каже и за помладите жени кои заболеле од оваа болест.
