Медот може да предизвика срцева аритмија?

Објавено на 26 јуни, 2013 во 08:05

Медот направен од полен од билките рододендрон може да предизвикаат срцева аритмија, кажуваат кардиолозите.

На европскиот состанок кардиолозите ја известија јавноста за необичните случаи „труење со мед“ кај пациенти кои се лекувале. Татко и син од Турција развиле симптом на срцева аритмија откако јаделе мед од областа на Црно Море.

Иако многу ретко, експертите кажуваат дека луѓето треба да знаат и за овој ризик. Труење со мед се случува кога луѓето конзумираат мед контаминиран со супстанција наречена “грајатоксин“ која во медот стигнала од билките рододендрон

И таткото и синот биле примени во брзата помош во Измир со симптоми на вртоглавица и повраќање. ЕКГ-то открило опасна аритмија на срцето.

Тие се опоравиле после неколку дена, меѓутоа лекарот кој ги лекувал, д-р Угур Турк, ги предупредил на фактот дека постои дистрбуција од овој мед во цел свет и им препорачал да конзумираат мали количини на мед и да се почека реакцијата, а дури потоа да земаат поголема количина на мед.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.