Предности на маслото од хибискус!

Објавено на 6 јули, 2013 во 08:32

Тоа се добива од растението хибискус и спаѓа во етеричните масла. Бројни се неговите предности како за кожата така и за ароматерапија. Во продолжение погледнете кои се предностите од ова масло.

Отстранување на првут

Редовно масирање на темето со масло од хибискус е одличен избор за борба против првутот. Тоа го намалува производството на првут а вашиот корен го прави хидратизиран и здрав.

Опаѓање на косата

Редовно масирање на темето со ова масло ќе го спречи опаѓањето на косата. Тоа е многу делотворно средство против опаѓање. Го одржува коренот цврст и здрав.

Сува кожа

Тоа е извонреден лек за сува кожа зашто ја штити од лупење.

Растење на косата

Природните витамини во маслото на хибискус помагаат во стимулирање на растот на косата. Тоа може да се користи самостојно или да се додаде на производите за нега на косата како што се шампон и регенератори.

Привремена појава на побелени влакна

Редовната употреба на маслото од хибискус е одличен начин за борба против прерано побелување. Вашата коса ќе има длабока,богата боја и текстура.

Стареење

Маслото од хибискус ја зголемува еластичноста и флексибилноста на кожата. Тоа ја прави кожата мека и нежна. Вашата кожа ќе изгледа поздраво и помладо.

Целулит

Многу жени се мачат со целулитот. Маслото од хибискус е делотворен начин за ослободување од целулитот. Се што морате да направете е редовно да го масирате зафатеното подрачје со ова масло.

Испукани стапала

Маслото од хибискус може да има многу важна улога во нега на стапалата. Ако имате какви било пукнатини ли жуљеви ма нозете можете да ги масирате со ова масло за да станат помеки. Маслото од хибискус е извонреден лек за суви стапала,особено за време на зимата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.