Чуден природен сок од целер!
Сокот од стеблото на целер е полн со хранливи состојки и спаѓа меѓу најздравите течности кои би можеле да се внесат во телото. Поради тоа што е многу добар, ја урамнотежува pH вредноста во организмот кој поради индустриски преработената храна е често закиселен. Еве што се лекува.
Листовите целер се богати со витамин A, додека коренот е извонреден извор на витамини B1, B2, B6 и C, полн со калиум,фолна киселина,калциум,магнезиум,железо,фосфор,натриум и есенцијални аминокиселини. Тука се и растителните хормони и многу вредните етерични масла кои му даваат на целерот специфичен мирис. Овие масла посебно делуваат на нервниот систем и смируваат.
Интересно е дека целерот е богат со натриум кој е поинаков од солта која обично ја користиме во кујната. Имено,кујнската сол е составена од нерастопливи аноргански споеви кои доведуваат до појава на проширени вени,оштетување на артериите и други болести. Од друга страна натриумот од целерот се растопува во вода и телото може подобро да го искористи и истовремено да се одржи хидратизираност на клетките.
Против рак
За целерот е познато дека содржи барем осум видови на антиканцерогени состојки. Истражувањата на Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси покажало дека целерот содржи бројни состојки кои спречуваат ширење на рак. Кумарините се уште една фитохемикалија која го спречува штетното влијание на слободните радикали и така служи во превенција на развој на ракот на дебелото црево и желудникот.
Го намалува холестеролот
Лабораториски студии покажуваат дека целерот може да помогне во намалување на високиот холестерол. Спрема истражувачите во Универзитетот во Чикаго,целерот го намалува нивото на холестерол за дури седум пати и тоа ако јадете само две гранчиња дневно. Целерот исто така помага и во зголемено излачување на жолчната киселина која го отстранува холестеролот од телото.
Помош во варењето
Посебните хранливи состојки до влакната на целерот помагаат за придвижување на цревата. Тоа целерот го прави со природен лаксатив кој помага да се ослободите од затвор. Помага да се опуштат и нервите исцрпени од фармацевтските терапии.
Како да направите сок ?
Наједноставно е да се користи соковник и да се комбинира целер со друго овошје и зеленчук. Целерот слободно може да се меша со други овошни и зеленчукови сокови,како сок од морков,јаболка или краставица. Се препорачуваат смеси сокови од морков,целер и цвекло во однос 8:5:3 или морков,зелка и целер во однос 1:4:5 или морков,целер и ротквица во однос 8:5:3.
