Четири чаја за лечење на анемија!

Објавено на 16 јули, 2013 во 08:04

Бледа кожа и слузокожа се видливи дури во тешките случаи на анемија. Погодените се жалат на општа слабост и непријатно чувство.

Со терапијата која ја препишува лекарот добро е да се пијат и доредени чаеви.Некои од нив можат да помогнат за создавање на залихи на железо во организмот.

 

Чај од зимзелен

30 грама суви листови зимзелен варете една минута во литар вода оставете да отстои 15 минути,потоа процедите. Пијте 2 шољи чај два пати дневно помеѓу оброци.

Чај од ореви

20 свежи листови орев варете во литар вода 15 ина минути,потоа процедите. Пијте една шоља чај пред оброк два пати дневно.

Чај од рен

20 грама корен варете во литар вода околу 20 минути. Оставете да стои преку ноќ. Процедите. Пијте две шољи чај дневно помеѓу оброци.

Чај од бела коприва

25грама суви цветни врвови од коприва ставете во литар зовриена вода. Оставете да стои 10 минути а потоа процедите. Пијте 2 шољи чај на ден помеѓу оброци.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.