Зелен фрапе за добро утро!

Објавено на 5 август, 2014 во 08:48

За многу луѓе утрото е во главно стресно – рано станување, брзање на работа, подготовка на децата за училиште или градинка …

И уште треба да подгответе утрински појадок – лесен и по можност здрав. Затоа Ви препорачуваме здрав зелен сок или зелен фрапе кој е:

 

– Вкусен и лесен

– Полн со витамини, минерали и влакна

– Брзо се подготвува

– Можат да го пијат сите членови на семејството

– Го подобрува изгледот на кожата, косата и ноктите

– Дава потребна енергија и освежува

– Поттикнува природно слабеење

– Го подобрува расположението

– Му ги дава на телото сите потребни нутриенти

– Ја нормализира пробавата

– Го подобрува помнењето, бистрината на умот и концентрацијата

Состав:

1 банана

300 милилитри вода

100 грама шумското овошје по Ваш избор (свежо или замрзнато)

2-3 лисја спанаќ

1 лажица жолт шеќер

Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте 2 до 3 минути. Сокот испијте го веднаш со мали голтки. Ова количество на сок е доволен за 1 појадок за една личност.

Шумското овошје можете да го замените со било кое друго овошје, а спанакот можете да го замените со зелена салата или со некој друг зелен зеленчук.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.