Како да заспиете во жешките летни ноќи?
За да имате квалитетен сон и полесно да заспиете на жештина,ви донесуваме неколку совети кои можете да ги испробате уште вечерва.
– Пијте доволно течности. Водата е одлична за ладење како однадвор така и од внатре. Туширањето пред спиење ќе ви помогне многу.
– Покрај креветот секогаш имајте чаша вода во случај во текот на ноќта да почувствувате жед.
– Спречете насобирање на топлина во собата во текот на денот. Спуштете ги завесите и ролетните а навечер направете провев за да ја проветрите просторијата.
– За подобра циркулација пред спиење вклучете вентилатор.
– Спијте во тенки памучни пижами.
– Покривајте се со тенок памучен прекривач.
– Ако спиете со отворен прозорец заштитете се од комарци. На прозорецот ставете мрежа и задолжително користете инсектициди за комарците да не ви го нарушат мирниот сон.
