Лето е, пешачете боси
Кога летото веќе е во полн ек, експертите советуваат да одите боси што е можно почесто. Направете му услуга на своето тело газејќи боси по каменчиња, трева или песок со тоа што истовремено, ќе ги стимулирате акупресурните точки на стапалото.
Инаку, на стопалата се наоѓаат илјадници нервни завршетоци кои се поврзани со сите витални органи на телото. Една стара наука која потекнува од Египет, учи дека протокот преку кој тече биоелектрицитетот од стапалата до органите создава мрежа на меридијани слични на нашиот крвоток. Според ова, ако шетате боси тоа може позитивно да влијае на одредени болки и да дејствува како природен аналгетик.
Многумина го препорачуваат триесетминутното пешање со боси стопала по песок, бидејќи тоа може да помогне за намалување на постојаните главоболки. Во прилог на ова е и масажата на ножниот палец. На уморните очи пак, ќе им помогнете со притискање на коренот на двата прста до палецот.
Освен тоа, пешањето боси може да придонесете за решавање на проблеми со јајници и нарушен менструален циклус. Од стопалата кон органите поминува биоелектрицитет кој го доведува телото во рамнотежа.
Ортопедите, особено го препорачуваат ваквото пешање за малите деца бидејќи тоа ја спречува појавата на рамно стапало.
Сепак не е тајна и дека ова може да биде болно, а местото на болката ќе открие и кое место од стапалото е во блокада. Решението за истата можете да го постигнете со континуирано одење без обувки на места каде може да го правите тоа. Ако допрва одите на одмор, соблечете ги сандалите и приуштете си задоволство на лесен начин.
