Благодетот на етеричните масла
Етеричните масла го зајакнуваат имунитетот на организмот, стимулирајќи го создавањето на бели крвни зрнца, кои се природни борци против инфекциите и многу други заболувања. Освен тоа, нивните мириси, преку хипоталамусот, делуваат на душевната состојба и создаваат чувство на хармонија и добро расположение. Тие ја подобруваат концентрацијата и работната способност.
Со вдишување на природно и чисто етерично масло можеме да се ослободиме од негативните емоции, тагата, загриженоста, стравот, лутината и бесот и да ги поттикнеме позитивните емоции како што се радоста, исполнетоста и задоволството. Со помош на етеричните масла се создава опуштена, релаксирачка атмосфера, се поттикнуваат креативноста и концентрацијата, се активира процесот на мислење, паметење и учење. Етеричните масла го отстрануваат стресот, помагаат при ‘’burnout’’ синдромот и ја лечат депресијата.
Против уморот најдобро делува етеричното масло од цимет, бор и рузмараин, а за подобрување на концентрацијата етерично масло од мандарина.
Лаванда
Лавандата е одличен избор за заздравување на рани и обновување на кожата, но воедно и за смирување на нервниот систем, благодарение на неговиот сладок цветен мирис. Луѓето кои ги одбираат третманите со лаванда, уживаат во чувството на спокој и бистрина. Додадете неколку капки масло од лаванда во шишенце со распрскувач полно со вода и прснете низ вашиот дом за да ви помогне да се релаксирате. Измасирајте ги болните зглобови со мешавина од бадемово масло и неколку капки етерично масло од лаванда. Додадете неколку капки масло од лаванда во вашиот инхалатор за да ги намалите симптомите на настинка и употребувајте го за да третирате кожни состојби како акни, брчки и ранички.
Камилица
Долго употребувана во билните чаеви, камилицата е позната по своето смирувачко дејство. Борејќи се против раздразливоста која доаѓа со стресот, етеричното масло од камилица, им помага на луѓето да се смират и релаксираат. За да се ослободите од главоболката, замотајте во крпа неколку коцки мраз попрскани со масло од камилица и поставете ја на главата како облога. За да спиете подобро и да ја подобрите способноста на вашето тело за справување со стресот, капнете 5-6 капки масло од камилица во освежувачот за воздух. Можете и да капнете неколку капки на марамче, кое ќе го ставите под навлаката за перница, за да спиете убаво.
Бергамот
Мирисот од кора од бергамот кој на чајот Ерл Греј му дава уникатен, смирувачки ефект има лесна арома која освежува и релаксира. Честопати се користи во борбата против немирот и депресијата, но помага и против вкочанетост и воспаленост на мускулите. Капнете неколку капки етерично масло од бергамот во вашето млеко за тело, за да ги намалите болките во мускулите и физичката тензија. Помешајте масло од бергамот со гел од алое вера во размер 1:5, за да создадете ефективен лек против акни. Воедно, капнувајќи неколку капки масло од бергамот во полна када подготвена за капење, ќе ви помогне да се ослободите од психичкиот стрес и тензијата којашто доаѓа во пакет со стресниот животен стил.
Јасмин
Слаткиот јасмин е моќно етерично масло кое помага во ослободување од главоболка, смирување на кашлицата, ја минимизира физичката болка, дури го разубавува и тенот на кожата. Ставете неколку капки масло од јасмин во навлажнувач за воздух за да ја регенерирате вашата самодоверба и оптимизам и да ја намалите депресијата и тензијата предизвикана од стрес. Исто така, може да се користи во топла бања, за отстранување на главоболката и физичкиот стрес.
Нане
Стресот може негативно да влијае врз вашата меморија и да ви оневозможи да се сконцентрирате. Нането поттикнува будење од умствениот замор. Мирисот е освежителен и е одличен избор кога стомакот ви е вознемирен, имате главоболка и чувствувате дека се разболувате. Етеричното масло од пеперминт има уникатен мирис кој може да ве релаксира и истовремено да ви послужи како стимуланс за подобра концентрација. Капнете неколку капки на јазикот за да ја подобрите вашата концентрација и протријте на вратот и рамената во текот на денот, за да го покачите нивото на вашата енергија. Исто така може да се користи и во освежувач за воздух, за подобрување на меморијата.
РУЗМАРИН
Овсежува, разбудува, оживува, хармонизира, делува против исцрпеност и против синдромот ‘’burnout’’ ,го поттикнува помнењето и ја зајакнува концентрацијата.На пазарот постојат три различни типови на рузмарин.
Рузмарин 1,8 цинеол- ја поттикнува циркулацијата, го стимулира целиот организам, ги намалува дишните инфекции, се користи за олеснувањена тегоби поврзани со цестото восппаление на мочниот меур.
Рузмарин камфор- ги олеснува болките во мускулите и го покачува крвниот притисок. Не смеат да го користат трудници и деца.
Рузмарин вербрнон- се користи во козметиката за регенерација и нега на кожата. Ги отстранува дишните инфекции.
Роза
Ги отстранува нервозата, бесот и лутината, ги намалувацувствата на тжина и загриженост, делува против депресија, безволност и чувство на жалост и осаменост, делува врз нападите на паника и против стресот.
Сандаловина
Ги разградува тешкотиите и загриженоста, делува против депресија, психичка исцрпеност и ’’burnout’’ синдромот. Го бриши чувството на незаштитеност и несигурност, делува против стрес и го поттикнува либидото.
Пачули
Психички поттикнува и зајакнува, делува против нервоза, стрес, ги отстранува тежините, грижата и немирот, делува против психичката исцрпеност, помага при несоница.
Грејпфрут
Релаксира, освежува, го поттикнува чувството на доверба, делува против стрес, депресија и чувство на страв, го поттикнува задоволството, ги поттикнува доброто расположение и мирољубивоста.
Еукалиптус
Го бистри умот, ја поттикнува живоста на организмот, делува против психичката презаситеност и безволност, ја поттикнува концентрацијата.Одлично е за превенција на настинка и грип, освежува, го олеснува искашлувањето, го поддржува горниот дел на респираторниот систем, го продлабочува здивот, го олеснува дишењето. Делотворно и кај убод од инсекти.
Совет: една капка на маичката,близу до градниот кош заштитува од настинка.
