Танцувај и уживај !

Објавено на 13 септември, 2014 во 09:30

Според тврдењето на стручните лица танецот е една од најздравите активности за мозокот.

Танцувањето ја подобрува способноста за учење, паметење и креативност, и тоа кај луѓе од сите возрасти. Во текот на танцувањето, мозокот добива повеќе кислород, а тоа автоматски ја подобрува будноста и сите мозочни активности.

 

Позитивните ефекти на танцувањето

Против стрес – танцувањето донесува физичко задоволство и добро е за справување со стресот, бидејќи пријатните ритмични движења поттикнуваат лачење на хормонот сератонин а по некое време лачи и хормон ендорфин, уште еден хормон на задоволството.

Совршено држење на телото – танцувањето ја подобрува координацијата на движењата, координацијата на работата на мускулите, како и опуштање на мускулите. Ги зајакнува лигаментите и тетивите, а зглобовите се повеќе подвижни. Поради физичката активност се забрзува циркулацијата и зајакнува срцето.

За посилен имунитет – Во текот на танцувањето не е само мозокот снабден со кислород туку и другите делови на телото. Редовното танцување ќе го зајакни и имуниот систем, а со постепеното засилување на интензитетот на танцувањето ќе се постигни подобро согорување на мастите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.