Направете домашен битер-лемон

Објавено на 16 септември, 2014 во 09:18

Нема ништо што може да ви даде попријатно чувство и да ви го задоволи организмот од лимонот.

Покрај тоа, здрав е, полн со витамин Ц, а во комбинација со сода бикарбона има и низа други лековите својства.

Потребни состојки:

2 l обична вода

½ kg лимони

1 грејпфрут

1 kg шеќер

6 кесички лимонтус

малку сода бикарбона

½ чаша минерална вода

Подготовка:

Лимонот и грејпфрутот добро измијте ги и оставете ги потпоени во раствор од сода бикарбона да отстојат 24 часа. Извадете ги и исплакнете ги, па сомелете ги во соковник и процедете ги низ газа. На тоа додајте 2 l вода, шеќерот и лимонтусот. Мешајте додека не се разложат. Сирупот сипете го во чаши и додајте малку минерална вода.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.