Дали знаете колку димот од цигари ја оштетува косата?
Секако дека најголем ефект од димот од цигарите е косата да добие непријатен мирис на цигари што само по себе е доволна причина за да го избегнувате пушењето.
Она што не е толку видливо се секако тешки последици кои чадот и консумирањето на цигари го оставата на вашата коса но и на целиот организам.
Во димот се наоѓаат хемикалии кои на косата се таложат и создаваат обвивка која ја гуши а која во комбинација со влага ја придвижуваат реакцијата косата да се оштетува површински односно да се оштетува кутикулата.
Пушењето ја намалува циркулацијата а тоа доведува до намалување на стимулансите на фоликулите да произведуваат коса па резултат е послаба коса и нејзин побавен раст. Послабо покриен скалп значи и помалку хранливи состојки и кислород кои доаѓаат до косата што ја прави потенка,посува и загушена од внатре.
Се смета дека тутунскиот дим ги оштетува фоликулите и како последица може да дојде до појава на бели влакна и до губење на косата.
