Сладолед во зима – чај во лето

Објавено на 3 октомври, 2014 во 07:25

Сладоледот не е само летен деликатес. Тој може да се јаде во текот на целата година. Педијатрите истакнуваат дека консумирањето сладолед, како за децата, така и за возрасните, е пожелно во било кој период од годината.

Тие препорачуваат дека јадењето сладолед во зима е најдобро заради температурната разлика на телото и надворешната средина, и од таа причина не може да дојде до температурен шок.
Во северните земји, тој се конзумира повеќе зима, додека во лето се пијат топли чаеви и на тој начин се намалува потењето, кое во лето е поинтензивно.

Погрешно е мислењето дека јадењето сладолед доведува до воспалување на крајниците. Педијатрите велат , дека сладоледот, всушност е здрав деликатес затоа што може да ја замени ужината и влијае врз доброто расположение, но сепак тоа да биде во умерени количества.

Тој не треба да се јаде набрзина и да се голта. Кога го јадеме сладоледот , треба да уживаме и со земањето мали количества , тој се топи во устата. За децата најдобри се сладоледите во корнет или чашка, бидејќи тогаш се јаде полека.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.