Малата семка афион богата со минерали
Афионот може да се купи во секоја продавница, а еве и неколку причини поради кои треба да го воведеме во менито. Афионот се користи во хуманата исхрана, содржи големо количество на антиоксидативни материи кои пред се имаат превентивно делување кога се во прашање воспаленија и болести, но и малигните заболувања на сите ткива во организмот.
Во малото црно зрно на афионот се наоѓа големо количество на минерали. Афионот содржи јод, манган, магнезиум, цинк и бакар. Содржи и ензими кои го подобруваат работењето на гастроинтестиналниот тракт, варење и стимулира исфрлување на крајните продукти на метаболизмот на храната.
Афион, иако може да не делува така, содржи многу масни киселини. Омега 3 масни киселини кои се наоѓаат во афионот, на нашиот организам му даваат многу добри работи, ги превенира заболувањата, го стимулира имунолошкиот одбранбен систем..
Афионот содржи солидни количества на железо, цинк, бакар, калиум и магнезиум. Цинкот ги ускладува ензимите кои ги контролираат создавање на спермата. Калиумот кој се наоѓа во афионот е битен за контролата на работата на срцето и превенцијата на кардиоваскуларениот систем.
Сувата семка на афионот често ја користиме затоа што содржи мали количества на опиумски алкалоиди како што се морфини, кодеин, папаверин. Овие материи, доколку се внесуваат како храна имаат слабо делување на човечкиот нервни систем. Многу луѓе се загрижени за тоа дали афионот може да има некои неповолни последици, но афионот има само добри ефекти, го смирува нервниот систем и со самото тоа ги намалува болките и одличен е како природен лек против кашлица.
