Диња – лек и психотерапевт
Дињата е една од најстарите градинарски култури, нејзиното семе пронајдено е и во Тутанкамовата пирамида. На исток, од каде доаѓа легендата – која покажува само воодушевување од својствата на дињата-се сметало дека таа е толку вредна и значајна, дури и пукнатините на нејзината кора имаат мистично значење!
Во нашите подрачја дињата се вселила како подарок на владетелите, брзо влегла и меѓу обичниот свет, на кој исто така му се допаднала. Некои западноевропски дворци имале и посебни стручњаци за одгледување на дињи, но кај нас за тоа немаше потреба.
Љубителите на диња се во право
Оние кои ја сакаат дињата имаат чувство и за уживање и за лекување со помош на природата. Овој плод со кој ќе се гостат сите до доцна есен ,пребогат е со витамини, има доволно јаглени хидрати да заситува, има каротин и бета – каротин, аскорбинска и фолна киселина, минерални соли на железо, калиум, натриум и многу други корисни материи.
Според количината на витамин Ц, споменатата аскорбинска киселина, дињата не заостанува зад спанаќот, шпарглите, празот. Овој витамин што е важен за имунолошкиот статус на организмот во дињата се наоѓа во количина од 30 до 60 мг.
Проблемот на трудниците, децата и слабникавите адолесценти – анемичноста и тешкото прифаќање на вештачки препарати со железо, дињата како ништо може да ги реши благодарение на големата содржина на железо, што да речеме, 17 пати е поголема отколку во млекото и 2 пати поголем отколку во пилешкото месо. Сите лица со низок хемоглобин, сите реконвалесценти и лица со постојано чувство на замор треба да знаат колку овие вкусни плодови можат да им помогнат. Оние кои имаат проблем со циркулација, со вечито студени раце и нозе, ќе направат добро ако редовно пијат сок од свежо исцедена диња.
Дињата го поттикнува излачување од жолчката, а има и изразени диуретски својства. Покрај месото од дињата, за оваа намена може да се користат и семки од диња. Посебно е препорачливо за старите лица. Сите патишта низ кои дињата поминува во организмот имаат корист од неа – од желудникот, преку цревата која ги поттикнува на работа и им ја освежува микрофлората, па до хемороиди.
Подобар од најдобриот психотерапевт…
Подобар дар од природата за таканаречени ”растоварливи” денови во текот на неделата од дињата нема, бидејќи таа дава чувство на ситост, а покрај тоа, голамата содржина на фолна киселина го помага лачењето на серотонин – хормонот на среќата, еликсир на радоста, како го нарекуваат. Тој и смирува и го подига расположението, а на полето на сексуалниот живот е еден од најфините регулатори, за што пишувал и славниот древен медицинар Авицена. Нејзионот свеж плод го смирува возбудувањето и така внесува фантазија во интимните односи, а нејзините семки што се сушат и мелат во прав претставуваат волшебно средство против импотенција.
Младост и убавина
Зачудувачко е дејството на дињата на надворешниот изглед – посебно на убавината на кожата и косата. Многумина не знаат дека дињата е одлична за долга младост не само на кожата, туку и на сите ткива. Помага организмот да ја зачува својата базна реакција, а со тоа и подолгата младост, бидејќи претераното “закиселување” на организмот доведува до предвремено стареење. Дињата содржи супстанца која му е потребна на мозокот, нервите, на гастро – интестиналниот тракт и на останатите внатрешни органи. Ако човек не може да се сконцентира на една работа и тешко ги формулира мислите, тоа значи дека може да му недоставува овој минерал. Рецептот е повеќе од едноставен: што почесто да се јаде диња!
Забелешки!
Според правилата за издвојување на храната, дињата не се согласува ниту со еден друг производ; таа се јаде сама. Направете задолжително растојание помеѓу другите јадења и дињата. Јадете ја наутро или за ужина, 1,5 до 2 часа по јадење и таа ќе ви го возврати вниманието.
Корисни рецепти
За лекување на импотенција
Се земаат семки од диња, се сушат на сонце или во рерна, а потоа се мелат во мелница за кафе. По една лажица од добиениот прав се зема три пати на ден,секогаш пред јадење. Во текот на терапијата се јадат и по 5 маслинки и по една смоква дневно.
Чај од семки од диња против болести на бубрезите
За да ја олесните диурезата кај заболени бубрези, подгответе чај од семки од диња.Две лажици исушени семки се прелеваат со 500 мл зовриена вода,се покрива и се остава да отстои 3 часа.Се процедува и се пие во текот на денот како чај.
Маска од диња за сува и овената кожа
Иситнете го месото од дињата и нанесете на добро измиено и исчистено лице.Држете 15 минути.Маската не ја мијте со вода,туку само исчистете ја со тампон од вата,а потоа нанесете хранлива помада.
