Булгур-здрава житарка
Булгур се подготвува од пченично зрно без лушпа, кое делумно се вари, а потоа се суши и се ситни на мали делови.
Храната подготвена со булгур е особено популарна кај вегетаријанците, а поради високата нутритивна вредност треба да се најде и во секојдневното мени на сите оние кои сакаат да бидат здрави.
Се користи поради неговиот вкус, лесната и брза употреба како и заради комбинациите на рецепти кои можат да се направат со него. Булгурот важи за една од најздравите житарки кои за жал кај нас не се користи премногу. Во 100 г булгур има 342 калории, од кои 76 проценти јагленохидрати, 12.3 проценти протеини и само 1.3 проценти масти. Има многу витамини и минерали, како на пример, калциум, железо, магнезиум, цинк, тиамин, ниацин, рибофлавин, пантонска киселина, витамин B6.
Консумирањето на булгурот допринесува за смалување на вкупниот холестерол, триглицеридите и нивото на инсулин со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. Се препорачува за време на диети поради карбохидратите и диететските влакна кои исто така помагаат во борбата против ракот, дијабетесот и болестите на срцето. Ако го спредиме со кафениот ориз, булгурот има дупло помалку калории и дупло повеќе диететски влакна. Се препорачува на жени во менопауза, а особено е полезен за оние кои внимаваат на линијата. Секојдневното козумирање булгур во различни јадења, освен што ќе го чува вашето здравје и ќе ви помогне да имате рамен стомак.
Со него можете да направите вкусни јадења, како пилав, а може да биде и одлична замена за кус-кус. Се користи за супи, сосови, салати, а одлично оди во комбинација со месо, морски пловоди, па дури и овошје.
