Чистење и обновување на црниот дроб на природен начин
Црниот дроб е еден од внатрешните органи кој има огромна регенеративна моќ. Значи, доколку страдате од тешка болест на црниот дроб како што е цироза или рак, не е се изгубено.
Постојат некои намирници за регенерација на црниот дроб кои можат да го забрзаат тој процес. Ова се некои од најефикасните:
Јаболко
Јаболкото содржи доста витамини, минерали и гликуронска киселина која помага да се ослободите од вишокот масни наслаги наталожени во црниот дроб. Кога мастите ќе се насоберат во црниот дроб, тие го успоруваат неговото работење.
Кељ
Кељот е зелен лиснат зеленчук кој содржи големи количини на магнезиум и железо. Овие состојки се елементарни во процесот на регенерација на црниот дроб.
Кромид и лук
Кромидот и лукот се намирници кои се исклучително богати со сулфур, антикарциногени соединенија и есенцијални елементи. Тие помагаат да се ослободите од слободните радикали и останатите токсини во црниот дроб.
