Изложени сте на ризик од камења во бубрези?
Засладете се со кајсии. Четири суви кајсии содржат два грама влакна, само три милиграми натриум и 325 милиграми калиум, и сите овие супстанции ќе спречат појава на минерали во урината и формирање на калциум оксалат камења (најчест тип на бубрежни камења).
Дали се чувствувате лошо?
Напијте се голтка од ѓумбир чај. Многу студии покажаа дека ѓумбирот во која било форма го олеснува гадењето кај бремените жени, но и она кое се јавува додека се возите. Научниците не се согласуваат околу тоа кои состојки од ѓумбирот го потиснуваат гадењето, но се согласуваат дека е сосема безбеден за употреба и дека не предизвикува никакви несакани ефекти, како што е случај со конвенционалните лекови за гадење.
Депресивни сте?
Отворете конзерва туна. Сто грама од бела конзервирана туна содржи околу 800 милиграми омега-3 масни киселини, кои, велат експертите, успешно ја третираат меланхолијата и депресијата. Ако не сте љубител на морска храна, за да се развеселите,грицкајте ѓеврек. Само 37 грама на јаглехидрати ќе ви ја обезбедат потребната доза на серотонин, благодарение на што ќе се чувствувате подобро.
Ве мачат стомачни проблеми?
Додадете босилек во салатата. Истражувањата покажуваат дека еугенолот, главната состојка на босилекот, ја ублажува болката, гадењето, грчевите или проливот, затоа што ги уништува бактериите како што се салмонела и листерија. Еугенол, исто така, силно влијае на дигестивниот тракт и грчевите ќе исчезнат како со магија. Сецкан свеж босилек може да се додаде во сос и салата.
