Морков за подобро здравје
Објавено на 16 декември, 2014 во 09:10
Морковот е еден од секојдневните производи но вистина е дека многумина го избегнуваат.
Морковот е еден од најздравите производи.Сладок е богат со влакна и многу корисен кога паѓа шеќерот во органзимот. Бета каротинот со кој изобилува делува како силен антиоксиданс кој ги обновува клетките,го забавува стареењето и го подобрува имунитетот. Морковот единствено содржи фалкарионол кој се покажа како делотворен при спречување на некои видови рак.
Овој спој со алфа и бета каротин кој исто така се наоѓа во морковот е одличен во борбата против нападнатите клетки. Морковот содржи и лутеин кој ги чува здрави белите дробови додека витаминот К кој го има во големи количини помага во изградба на коските.
