Која храна изобилува со калциум?
21.04.2021
Млечните производи се најголем извор на калциум кој му е потребен на нашиот организам, особено за формирање и одржување на здрави коски.
Црвен грав
Најраспространет е во Јужна Америка, а кај нас може да се најде во продавници за здрава храна. Овој вид на грав е богат со калциум, калиум, фолна киселина и има голема хранлива вредност.
Брокула
Овој тип на зеленчук е познат по тоа што се користи како превенција за некои облици на карцином. Варена со неколку капки маслиново масло, брокулата е богат извор на калциум. За уште поголемо дејство се препорачува сирова брокула во салата.
Сок од портокал
Овој пијалок се препорачува наутро. Една чаша сок од портокал во комбинација со здрав појадок е одличен извор на калциум.
Лосос
Лососот е богат со протеини и омега 3 масни киселини. Се препорачува да го имате на менито неколку пати неделно, бидејќи во 50 г лосос има 181 мг калциум.
Мите Јаначков