Внимавајте: Овие намирници најмногу им штетат на цревата

Објавено на 22 април, 2021 во 08:41

 methode times prod web bin 5772dcb4 9559 11e6 9cf8 8194c22ea509

22.04.2021

Телото се бори со најразлични бактерии, болести и паразити, па затоа треба да внимавате што јадете. 

Треба да избегнувате намирници кои се лоши за цревата и се причина за создавање на гасови и болка.

Каков вид храна треба да избегнувате?

Рафинирани шеќери

Рафинираните шеќери како што се оние коишто се наоѓаат во колачите, бисквитите и останатата слатка храна се лоши за здравјето на вашите црева.

Овој вид на шеќери го намалуваат бројот на добрите бактерии во цревата и го зголемуваат бројот на лоши бактерии.

Пржена храна

Пржената храна е една од популарните намирници кои им штетат на вашите црева и го зголемуваат бројот на лошите бактерии, но предизвикуваат и воспаленија и грчеви.

Преработена храна

Преработената храна содржи дополнителна количина на шеќер и сол, а е сиромашна со влакна и антиоксиданти кои се добри за вашите црева.

Алкохол

Добропознато е дека алкохолот може да го намали бројот на добри бактерии во цревата. Умерената количина на црно вино ја зголемува количината на полифеноли, затоа е добро да бидете барем 1 чаша од овој алкохол, но не треба да претерувате со другите алкохолни пијалаци.  

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.