Местa кои не треба да ги прoпуштите!
Каде и да патувате треба да искористите прилика и да ги пробате традиционалните специјалитети, а ова е лоста во Европа за која најголемите кувари велат дека не смеете да ги пропуштите.
La Merenda – Ница
Примаат само готовина, немаат телефон и затворени се секој викенд. Мал и шарантен ресторан во стариот дел на Ница е единствениот останат ресторан со старски изглед. Менито е напишано со креда на табла, цената на главното јадење е околу 734 денари.
Kizilkayalar – Истанбул
Сопствениците на овој ресторан на плоштадот Таксим сакале да се разликуваат од обичните продавници за брза храна. Својот специјалитет го нарекле islak бургер, а посебен е затоа што пецивото е натопено во сос од домати, лук и маслиново масло.
Tapas 24 – Барселона
Лоциран е во подрумски простор, нуди кратко мени т.е. солени закуски кои се јадат со прсти. Меѓу јадењата познати се крокети, тостирани сендвичи украсени со црни тартуфи и други деликатеси. Цената е околу 150 денари.
Chez Georges – Париз
Иако Париз е полн со слични имиња, бистрото Chez Georges во Латинскиот квартал е секокако вреден за внимание. Цената на главното јадење е 1200 денари.
Bodega Donostiarra – Сан Себестјан
Традиционален бар, основан во 1928година, место каде што навистина ќе наидете на стари локални гости од комшилукот, но и многу познати странци за време на меѓународниот филмски фестивал. Цената на комплетна вечера по особа е 2.500 денари
00100 Pizza – Рим
Љубителите на пица во Рим, според препораката на стручњаците, најдобро ќе се најадат во продавницата именувана по комбинацијата од позивен број и ознакат на брашното кое го користат во своите производи. Освен пицата, тука се и малите триаголни сендвичиња со необични комбинации. Цена за килограм пица е 850 денари.
Curry 36 – Берлин
Се наоѓа во близина на метро станицата Mehringdamm, кај него дури и во доцните часови се собираат таксисти, локални гости и туристи. Со секоја нарачка ќе ве запрашаат “со или без”, што значи да одберете додатоци со колбасицата, кои чинат 70 денари.
Ostermalms Korvspecilist – Стокхлом
Швеѓаните сигурно ќе се сложат дека најдобриот хот-дог штанд во светот се наоѓа во Стокхлом. Сите колбаси се зготвени послужени во загреан багет со додатоци. Дури и егетеријаницте овде може да пронајдат добра варијанта за себе.
De Kas – Амстердам
Реновиран стакленик сега е претворен во модерен дневен престој полн со пријатна природна светлина. На медитеранско мени се нуд зеленчук со билки од сопствените плантажи. Цената на главното јадење е 1100 денари.
