Отворени влезните врати на библиотеката и Народниот музеј во Велес
7.07.2020
Читателите на книги ќе можат да ја посетат Локалната библиотека „Гоце Делчев” додека за посетители се отворени и вратите на Народен музеј – Велес веќе можат да ги посетуваат овие две културни институции во градот кои започнаа да работат со задолжително почитување на протокол за заштита од Ковид-19.
Тоа значи дека во библиотеката ќе работи, во една смена, од 8 до 16 часот, кога учениците, студентите и граѓаните само ќе можат да земат и да се вратат книга без задржување во читалната. Вработените ќе мораат вратените книги посебно да ги одвојуваат и тие во следните 72 часа нема да бидат достапни за издавање. Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок на враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници. На корисниците нема да им биде овозможено слободно пребарување на библиотечниот фонд. Библиотеката ќе обновува членството и ќе запишува нови корисници.
И Народен музеј ќе работи во една смена од 8 часот до 16 часот. Според протоколот за работа на музеите, дозволено е на 100м2 површина да има до 15 посетители, а во спомен куќите на велешките великани, бројот на посетители ќе се одреди во зависност од квадратурата. Во исто време може да биде дозволен влез на пет до шест посетители од група./Д.С