Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

cvrsto skopje korona

17.11.2020

Во Младинскиот културен центар - Скопје (долна галерија) од денеска до 26 ноември ќе биде поставена изложба на плакати од 13. Скопје постер фестивал, чија тема годинава е КОВИД-19.

Организаторот – Здружението Плакарт соопшти дека е меѓу организаторите потткнувачи на создавањето глобална мрежа на дизајн-асоцијации и здруженија со цел да инспирираат движење за поддршка во борбата со пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и сите предизвици поврзани со неа.

Ќе  бидат изложени плакати од 75 светски дизајнери од 56 земји, вклучително и од нашата.  Исто така, ќе бидат претставени и плакати на студенти кои се приклучија на повикот на нашата иницијатива со цел да се придонесе во ширењето на мисијата и гласот на уметникот во справувањето со КОВИД-19.

Иницијативата се реализира во сорбаотка со „Poster Тerritory” од Калифорнија, Чешката асоцијација за графички дизајн, Московското биенале и реномираниот дизајнер Мирко Илиќ од Њујорк – познат како еден од најинспиративните дизајнери и стрип-уметници од поранешна Југославија. Дел од дизајнерите кои ќе бидат застапени се: Јоси Лемел (Израел), Мирко Илиќ (Љу Јорк), Хавиер Борбола (Куба), Адек Сапутра (Индонезија), Петре Поч (Унгарија), Тирсо Цезар (Италија), Кристофер Скот (Еквадор), Луис Ривера (Бразил), Ерин Брајт (САД), Роберт Јанг (Велика Британија), Небојша Гелевски и Лазе Трипков (Македонија), Хитоши Мјура (Јапонија)…

Плакарт информира дека ќе нема  посебен термин за отворање на изложбата денеска, а сите заинтересирани може  да ја посетат до 26-ти месецов, секој ден од 10 до 20 часот, согласно со здравствените протоколи за јавни настани.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново