Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ubavka fin

Пишува: Убавка Јаневска

22.07.2020

Рецензираме текст со наслов „Власта си тераше кампања а граѓаните оставени без надоместок за боледување и породилно“ објавен на Курир на 17 јули, годинава. Преку пренесување изјави на анонимни граѓани од социјални мрежи кои биле „бесни и очајни затоа што нивните законски надоместоци доцнат и неизвесно е кога ќе ги добијат“, порталот открива дека ниту исконтактирал ниту истражувал на темата. Но, во текстот коментира:

Владата на СДСМ очигледно толку навлезе во кампањата за изборите и ги ангажираше своите партијци во институциите на ова поле, што тотално заборави на граѓаните.

Ваквиот пристап е спротивен на член 1 и член 13 на Кодексот на новинарите кои го обврзуваат авторот да објавува точни и проверени информации како и да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Рецензираниот текст некритички пренесува наводни и вулгарни реакции на социјалните мрежи, и не содржи информации на втората страна. Во конкретниот случај нема став од Министерството за труд и социјална политика од чиј буџет се префрлаат финансиските средства на Фондот за здравствено осигурување за вршење на исплатата на надоместоците на граѓаните.

Дезинформацијата се состои во тоа што посочениот текст Курир не ги содржи информациите на динамиката на исплатата на боледувањата која секој месец е иста, веќе од 2008 година додека од 2011 година, таа е електронска преку системот на ФЗО. Системот прво ги прибира податоците од фирмите за исплата на месечната плата на вработените и потоа од денот на отворено боледување на работникот го пресметува делот што тој треба да го добие како осигуреник од државата. Тоа значи дека фирмата прво треба да исплати плата. Системот како најчести пикови ги регистрира деновите 10, 15 или 20 во тековниот месец. Тоа се датуми на земена плата на осигурениците за претходниот месец кои генерираат податоци што овозможуваат да се пресметаат боледувањата и да се исплатат. Оваа востановена динамика на исплата се однесува и на надоместоците за породилните отсуства и надоместоците за продолжените породилни отсуства, рече Миле Сугарев, директорот на Фондот за здравствено осигурување, за Вистиномер.

Во допис како одговор на новинарско прашање за Вистиномер.мк од ФЗО пишува дека во услови на епидемијата со корона вирус заклучно со месец мај, годинава, без варијации и во целост се исплатени надоместоците за породилно боледување како и надоместокот за продолжено породилно боледување.

„Во месец јуни се изработени и исплатени 8681 надоместоци за породилни боледувања, додека во текот на месец јули, до 21 јули 2020 година, се процесуирани и исплатени 4790 надоместоци. Остатокот за јули се исплаќа секојдневно и до средина на наредната недела ќе бидат исплатени на нашите осигуреници. Оваа динамика на плаќање е востановена пракса која се применува секој месец. За продолжено породилно отсуство во месец јуни се исплатени 3644 надоместоци додека во месец јули 4741 надоместоци се процесуирани, изработени, одобрени и веќе се исплаќаат. До средината на наредната недела средствата ќе бидат легнати на сметките на осигурениците.

Од Министерството за труд и социјална политика се децидни дека сите трансфери кон Фондот за здравствено осигурување тековно се исплаќаат, околу 20 –ти во месецот, по добиени фактури. Министерството соопшти дека во изминатиот период немало, но и дека ќе нема доцнење на исплатата на кое било право или надоместок затоа што во буџетот има средства за нивна исплата.

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново