Заев и Анѓушев го посетија Еуроникел индустри во Кавадарци
„Фени индустри е двигател на македонската економија. Успешно заврши стечајната постапка во ова компанија. Овде се вработени над 1000 лица“ рекоа меѓу другото при денешната посета во комбинатот за производство на фероникел, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Посетата беше искористена за запознавање со досегашната инвестиција на швајцарската Ѓи-сол.
„ Еуроникел е повторно денеска една успешна приказна и го задржува приматот што го имаше долги години како најголем извозник на фероникел од Северна Македонија и двигател на македонската економија. Можеме слободно да констатираме дека се надминати сите кризи и затекнатите проблеми и повеќе не постои ризик од банкрот, со кој вистински се соочуваше компанијата. Вработените се задоволни и добиваат плата која ја надминува просечната нето плата во државата. Долговите се исплаќаат, се отвораат нови работни места и компанијата продолжува да извезува на странскиот пазар и да влегува во нови инвестициски процеси“ рече Заев и нагласи дека во Еуроникел индустри во моментов има 1000 вработени и соработува со 200 локални компании.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев нагласи дека кавадсаречкиот комбинат е вистинското место од каде можело да се даде одговор за скептиците од каде биле 624-те милиони евра директни странски инвестиции, притоа посочувајќи дека само 100 милиони евра се инвестиција во овој комбинат.
„ За човек кој доаѓа од стопанството вистинска среќа е да се види дека фабрика која можеше да се протвори во старо железо повторно да работи и да види среќни работници и да виде како тече метал. Се стави крај на една голгота на сите вработени, но не само на вработените туку и на сите добавувачи и комапнии кои работат со Фени. “ изјави Анѓушев, притоа упатувајќи благодарност до сите институции за како што рече, успешно завршената стечајна постапка.
Со гордост можеме да кажеме дека ја движиме македонската економија во вистинска насока, рече Анѓушев и додаде дека не прават стиропор економија, туку економија на реални бројки.
Од менаџментот на компанијата најавија дека ќе работат на зголемување на производството, на отворање на нови работни места. 29 илјади денари е просечната плата во кавадаречки Фени, информира директорот Ѓерасим Кујунџиев, нагласувајќи дека и тие се соочуваат со недостаток од стручен кадар иако интересот за вработување е огромен.
Ангел Данов