18 ковид позитивни згрижени во кавадаречката болница, една жена почина

Објавено на 27 октомври, 2020 во 09:38

bolnickasoba27.10.2020

Жена на возраст од 65 години од Кавадарци која била хоспитализирана во ковид одделението, на пат кон Скопје, ја загубила борбата со корона вирусот. Таа покрај вирусот имала и сериозни коморбидитети, информираа денеска од кавадаречката болница.

„Во моментов хоспитализирани се вкупно 18 пациенти со средно тешка клиничка слика и засега сите се стабилни“ рече директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

Тој повторно апелираше до граѓаните да бидат одговорни и да покажат зрело однесување,  во овој период кога здравствените работници водат битка за да го зачуваат животот на секој пациент. Вели, најважно е да се почитуваат превентивните мерки, да нема групирања, да се носат маски и да се мијат рацете./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.