(ОБНОВЕНО) 54 годишен маж загина и 4 тешко повредени патници во сообраќајката во Кавадарци

Објавено на 21 ноември, 2020 во 15:28

soobrakajka1

21.11.2020

На 20.11.2020 во 17.15 часот на регионалниот пат Кавадарци, кај Градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „урсус“ со приколка, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.Л.(51) од с.Дабниште, кавадаречко и патничко возило „опел вектра“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.К.(46) од Кавадарци.

На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

 Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Л.Л. и сопатникот од истото возило Р.Л.(79) од с.Дабниште, констатирани во Комплекс клиники„Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и сопатничката од истото возило М.К.(37) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР работи Кавадарци.

Мите Јаначков

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.