Блиски роднини на исчезнат велешанец повторно бараат соработка и информации за Кимов од граѓаните
Ни по скоро четири години од исчезнувањето сеуште нема трага и глас од велешанецот Кирил Кимов. Шеесет и пет годишниот велешанец, што живееше на Мегдан, исчезна на 6 октомври 2014 година и оттогаш до денеска негови роднини не успеаја да го пронајдат. Последен што тогаш го видел бил неговиот другар, што со такси го симнал од Мегдан во центарот на Велес. Тој дал исказ дека Кирил на себе носел блуза во кафеава боја и фармерки а во рацете носел кожна торба. Кирил не бил женет па неговото исчезнување во полициската станица во Велес го пријавила неговата братучедка.
Од СВР Велес соопштија дека на ден 06.10.2014 година пријавено е дека е исчезнато лицето Кимов Кирил кој од 08.10.2014 година според законот се води како исчезнат.
-Бидејќи лицето не е пронајдено во законскиот рок од 90 дена за него е распишана Централна потерница. До денес сеуште не е пронајде и потерницата е сеуште активна, рече портпаролот Верољуб Додевски.
Во обид да дојдат до било какви информации поврзани со својот роднина неговите најблиски потсетуваат и надеж гледаат во соработката со граѓаните за да дојдат до било каква информација поврзана со исчеснатото лице./У.Ј
