Д-р Коциќ: Велес да биде поубаво,по просперитетно и по посакувано место за живеење
Докторот по интерна медицина, сопственик на приватна здравствена организација, познат граѓански активист и носител на листата на советници на СДСМ на последните локални избори во Општина Велес , Ненад Коциќ, е избран за Претседател на Советот на Општина Велес на 39 седница , вчера, на 29 август.
Причина да ја прифати кандидатуата е градот Велес да биде поприоритетно и поперспективно место за живеење за сите а особено за младите луѓе кои го напуштаат во потрага по егзистенција и посигурен живот.
– За мене од секогаш императив била работата за доброто на Велес и граѓаните. Се надевам дека довербата од моите колеги и од велешани ќе ја оправдам и дека поуспешно ќе ја намалиме миграцијата во која огромен број на млади се исселуваат и со тоа опустошуваат и училиштата и улиците. Наша обврска и цел е со мерките што ќе ги превземеме да ги задржиме да живеат тука и животот да го направиме подобар, рече д-р Коциќ.
Тој верува дека со квалитетни предлози, од власта и од опозицијата, преточени во проекти Велес може да биде поубаво и попосакувано место за живот.
Д-р Ненад Коциќ е избран за нов претседател на Советот на Општина Велес откако поранешниот, адвокатот Душко Петров, поднесе оставка од лични и професионални причини./У.Ј