Велешани хумани и на втората вонредна крводарителска акција

Објавено на 21 мај, 2020 во 16:23

krvodaritelska21.05

21.05.2020

Ниту пандемијата од Корона вирусот не ги спречи крводарителите од Велес и околните населени места денеска да ја покажаат нивната хуманост.
На Втората вонредна крводарителска акција дарувани се 63 крвни единици. Поголем дел од дарителите или 49 се мажи, а останатите 14 се жени. Во најхуманото семејство, како првократни крводарители денеска се впишаа пет лица.

Крводарителската акција се одржа во Ликовниот салон. Заеднички ја организираа Општинската организација на Црвен крст од Велес и Институтот за трансфузиона медицина .

На крводарителската акција се превзедоа мерки за безбедност поради здравствената ситуација во која се наоѓаме.

Денешната е втора крводарителска акција која е надвор од Годишниот интегрален план за крводарување. На првата се даруваа идентични 63 крвни единици./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.