На Ендуро шампионатот во Скопје голем успех на клубот „Мото – Велес“
Објавено на 8 октомври, 2018 во 16:58
Голем успех постигнаа моторциклистите на мото клубот „Мото-Велес“ на втората трка на Ендуро шампионатот што се одржа викендов, на 6 и 7 октомври, во Скопје.
Во класата Е1 (250) моторциклистот Драган Ванов победи во двата такмичарски дена и со максимален број бодови се зацврсти на челната позиција.
Моторциклистот Александар Зизи Давчевски го освои второто место во класата Е3, нивниот колега Јове Иванов е трет во Е1, четвртотот место во класата Е2 го освои моторциклистот Дарко Дејановски како и неговиот колега Ангелче Стојковски во класата Е1 додека петото место во класата Е1 го освои Стефан Ристовски.
Успехот е уште повреден ако се има во предвид дека овие спортисти сами се финансираат и немаат донатори и спонзори./У.Ј