ФК „Борец“ есенски првак во Втора лига – Исток

Објавено на 3 декември, 2018 во 18:46

FKBorec naslovna

Титулата есенски првак домаќинот „ФК „Борец“ ја стекна во натпреварот што го одигра со ФК „Тиквеш“ од Кавадарци на градскиот стадион во Велес во саботата на 1 декември. Во тврд натпревар со неколку шанси за домаќинот за победата одлучи голот на Мартин Колевски што го постигна во 82 минута од натпреварот.

FKBorec 1

Со оваа победа ФК „Борец“ се зацврсти на првата позиција на табелата со вкупно 37 или плус 8 бодови пред директниот конкурент ФК „Тиквеш“ од Кавадарци.

fudbal1 fin

Она што треба да се истакне е што натпреварот се одигра во фер и коректна атмосвера за што особено придонесе и навивачката група „Гемиџии“ кои од трибините освен што громогласно извикувајќи и пеејќи постојано ги бодреа своите миленици, фудбалерите, исто така им приредија и пиротехнички спектакал.

Ова беше последниот, заостанат, натпревар од есенскиот дел. Втората полусезона ќе започне во месец март, наредната година./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.