Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sv vasilij

Свети Василиј Велики е еден од најголемите Отци на Црквата Христова низ вековите. Роден е 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Емилија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот.

На овој ден, православните христијани ја одбележуваат Православната Нова година, позната уште како и Стара Нова година, а именден слават сите оние кои го носат името Васил, како и неговите останати машки и женски варијации.

Во различни делови од Македонија на денешниот ден се меси пита со паричка, а ова особено е изразено во западните делови, во други паричката се става во леб за Бадник, а голем број христијани ги почитуваат и двата празника, па традицијата со паричката ја применуваат и за Бадник и за Василица.

Легендата за лебот на Свети Василиј Велики

Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики стана Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој беше многу алчен и груб човек, имаше обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно доаѓа, тој побара од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигна, свети Василиј го пречека и му го понуди богатството.

Епархот се изненади и по некое чудо се засрами, така што одби било што да земе, ниту пак го ограби градот. Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадуваше на верните од градот. Свети Василиј остана со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој стави нешто накит и златници.

На денот на Новата Година кога сите луѓе дојдоа во црква, тој на секого му даде по едно лепче. Тоа што секој го имаше најдено во лепчето беше токму тоа што претходно го имаше дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него.

Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново