Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Karagja fin

28.10.2020

Не може нешто да е влошено во државата, а ние да молчиме и да не кажуваме. Доколку Македонија не сака најцрно сценарио, а ние сме подготвени и за тоа, мерките се веќе дадени, само треба да се почитуваат“, изјави епидемилогот и претседател на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во интервју за МРТ.

Тој рече дека е разочаран од населението и лицата кои требало да покажат пример како треба да се однесува за време на коронавирусот.

-Луѓето во август и септември започнаа да одат на одмор, започнаа да одат на журки, забави, одмори… Плажите во Охрид беа преполни. Комисијата никогаш не дала дозвола да се организираат вакви настани. Моментално, ни се случува непочитување на мерките, не се носи маска, не се почитува дистанцата за време на кафе-разговорите и на се тоа ќе додадеме свадбите и погребите.Ние се наоѓаме во критична фаза, од која не може да се вратиме назад, во време кога апелиравме да се почитуваат мерките – изјави Караџовски, додавајќи дека најголем дел од заболените доцна доаѓаат на клиника, а, како што рече, десетина случаи починале на пат, влез или при самата хоспитализација на Инфективните одделенија.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново