Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Почнува итна операција на НАТО во Македонија. Во Брисел е подготвен план кој ќе го разбие руското влијание во регионот.

Овој план треба да биде исполнет до пролетта 2018 година. Ова го пишува хрватското издание “Јутарњи лист” и прецизира дека пристапувањето на Република Македонија кон НАТО ќе стане под привремената нејзиното име – ПЈРМ

Така ќе биде до нејзиното членство во ЕУ, кога треба да биде решен спорот за името меѓу властите во Скопје и Атина. Доаѓањето на власт на Зоран Заев на премиерската функција може да доведе до укинување на главните пречки за пристапувањето на земјата во евроатланските структури. Се разбира, станува збор за спорот за името. Атина одби да го укине и визите за поранешната југословенска република поради името Република Македонија. Грција смета дека таа има историско право на него и неговата употреба содржи територијални претензии кон Грција, но факт е дека никогаш не се спомна дека може да важи и спротивното.

Со распадот на поранешна Југославија прашањето за Република Македонија стана прашањето на сите прашања за Грција, која во еден момент воведе дури и целосна блокада на земјата. Подоцна попушти, но цврсто застана зад ставот дека Република Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ, ниту на НАТО.

За властите во Скопје, пак, беше неприфатливо да се приклучат како ПЈРМ – на англиски FYROM, како што е запишана во ОН. Така се дојде до блокада, која се рефлектира и во внатрешната политика и зголемувањето на националистичко влијание.

Премиерот Зоран Заев вети дека ќе изврши економски реформи – со цел 5% економски раст и забрзано членство во ЕУ и НАТО. И дека не станува збор само за голи ветувања оваа недела прво руската агенција “Спутник”, која е позната по своите блиски односи со Кремљ и во многу земји ја сметаат за инструмент во рацете на Москва, соопшти дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг има намера да го посети Скопје во средината на јули, за да го забрза процесот на пристапување и Македонија да стане членка на Алијансата уште во пролетта 2018 година.

Неодамна беа објавени документи на македонските служби, но и на некои други дека при насилното влегување во парламентот,  на 27-ми април, кога беа тепани над 100 лица, вклучувајќи и самиот Заев, учествувале и српските тајни служби, а руските дејствувале за дестабилизација на Македонија и предизвикување на судири меѓу Македонците и Албанците. Русија многу тешко  го голта   членството на Црна Гора во НАТО, бидејќи на тој начин загуби едно парче од сложувалката за зајакнување на влијанието на Западен Балкан, а самата Македонија требаше да биде дел од руската сфера на влијание. Во таква ситуација одлуката на НАТО е сосема разбирливо.

Заев ја демонстрира потребната флексибилност и изрази подготвеност да влезе во НАТО како БЈРМ (FYROM), преговорите со Грција да продолжат до полноправното членство во ЕУ.

Освен тоа пристапувањето кон ЕУ е долга патека и таа ќе биде претходи создавање на некаква економска заедница на Западен Балкан, која се поддржува и стимулира од Берлин и Брисел.

Зоран Заев говореше и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој го поздрави изборот и потврди дека за Атина е неприфатливо името Македонија, но ПЈРМ (FYROM), или некое друго компромисно име за Грција е прифатливо.

Во кабинетот на Ципрас очигледно се сфати дека и на нив им штета нестабилноста во Македонија и нивниот министер за надворешни работи, Никос Коцијас изјави дека “единството, интегритетот и стабилноста на северниот сосед се исклучително важни”. “Тоа е нашата главна грижа. Решавањето на спорот за името по еден демократски и креативен начин може да се олесни идната насока на земјата”, рече Коцијас.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.