Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Miloshoski

20.11.2020

Со оставање на црни машни пред Владата, од партијата ВМРО - ДПМНЕ побараа оставка од Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров, за што како причина ја наведуваат целокупната состојба во државата.

За економската ситуација, за надворешно политичката ситуација, за блокадата од ЕУ и за здравствената криза виновни се Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров. Проектот наречен Зоран, Венко и Никола Димитров треба да дадат оставки, изјави денеска пред Владата пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

„Во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес, и за граѓаните, и за здравствениот сектор, и за економскиот сектор, но за жал и за евро перспективата. Сметам дека со нивната оставка ние ќе можеме како држава да создадеме можност да формираме Влада на експерти која што ќе може подобро да се носи и во здравството, и во економијата, и во евро интеграциите. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев, Филипче и Димитров се дел од проблемот на оваа државна криза, а не се дел од решението.

Нивна оставка во најмала рака е морален чин од нивна страна, а во Собранието и на повисоко политичко ниво ќе може да се разговара за влада која што ќе ужива поширока доверба и наместо партиски личности, ќе има експерти во секоја област кои ќе можат да понудат конкретни решенија за следната година дена да можеме да имаме план за излез од кризата“, изјави Милошоски.

Тој на новинарско прашање одговори за формирање експертска влада веќе имаат позитивен сигнал од две политички партии, Алијансата за Албанците и Алтернатива.

„Ние баравме кризна состојба уште во февруари, март. Тогаш на мал број заразени ставот на Владата, на премиерот Заев и на претседателот Пендаровски беше дека државата нема ресурси да спроведе кризна состојба на ниво на цела држава. Затоа сега се поставува прашањето дали тие биле искрени тогаш кога кажаа дека државата нема ресурси за воведување на кризна состојба во март или се искрени или можеби манипулираат денес кога воведуваат кризна состојба. Се сомневаме дека ова кризна состојба особено во здравствениот сектор може да донесе за некого дополнителни профити, а за некого или за некои здравствени установи дополнителен хаос кој што го имаме го голем дел од државните болници“, рече Милошоски.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново