Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zakrojuvanje fin

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска ќе го посетат тиквешкиот регион.

Спасовски и Димковски ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово“. Премиерот и владина делегација ќе присуствуваат и на приемот, кој по повод празникот на лозарите и виното го организира градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, како и на симболичното закројување на винови насади кое по овој повод ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци.

По традиционалната церемонија на закројување, планирана е заедничка прошетка и посета на изложбените штандови во центарот на Кавадарци.

Заменичката на претседателот на Владата, Царовска ќе даде изјава за медиумите во винарската визба „Попова Кула“ во Демир Капија.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново